Ракометниот сојуз на Србија потврди дека најдобриот играч, Петар Ненадиќ, поради повреда ќе го пропушти Европското првенство.
Ненадиќ, го повреди бутниот мускул во декември, минатата година. Уште тогаш неговиот настап беше под знак прашалник.
Најдобриот играч во светот во 2019 година, минатата година кога Шпанецот Тони Џерона ја презеде Србија, се врати во националниот тим.
На местото на Ненадиќ, повик во репрезентацијата доби Немања Зеленовиќ.
Србија на ЕП ќе игра против Франција, Хрватска и Украина.