Top Sport

Србија со драматична победа, Карачиќ донесе прво ЕП за БиХ!

Србија и Босна и Херцеговина се пласираа на Европското првенство во ракомет во 2020 година, по победите во клучното последно коло за континенталниот шампионат, по што се познати сите 24 учесници.

Србија со тесна 32:31 победа над Швајцарија стана една од четирите третопласирани репрезентации кои обезбедија пласман на ЕП. Србите имаа и предност од пет голови (29:24), која им го носеше второто место на табелата, но следуваше голем пад во играта на тимот на Ненад Перуничиќ, и гостите поведоа со 31:30. По ова следуваше драмата, откако Немања Зеленовиќ го постигна победничкиот гол на 21 секунди пред крајот за 32:31 победа.

Босна и Херцеговина пак, првпат во својата историја се пласираше на едно Европско првенство, откако на гости во Острава стигнаа до 23:24 победа над Чешка. Одлучувачкиот гол  го постигна Иван Карачиќ, најстариот брат на херојот на РК Вардар, Игор Карачиќ.

ЕП 2020 КВАЛИФИКАЦИИ, ПОСЛЕДНО, 6.КОЛО

ГРУПА 1

Германија – Косово 28:17 (16:5)

Полска – Израел 26:23 (10:11)

Табела: 1.Германија 12, 2.Полска 5, 3.Израел 4, 4.Косово 3

ГРУПА 2

Хрватска – Белгија 28:19 (15:9)

Србија – Швајцарија 32:31 (19:17)

Табела: 1.Хрватска 11, 2.Швајцарија 6, 3.Србија 6, 4.Белгија 1

ГРУПА 3

Македонија – Грција (13:11)

Исланд – Турција (12:9)

Табела: 1.Македонија 9, 2.Исланд 8, 3.Турција 4, 4.Грција 3

ГРУПА 4

Словенија – Естонија 32:28 (19:11)

Холандија – Летонија 25:21 (13:11)

Табела: 1.Словенија 10, 2.Летонија 8, 3.Холандија 6, 4.Естонија 0

ГРУПА 5

Белорусија – Финска 40:15 (20:8)

Чешка – Босна и Херцеговина 23:24 (10:11)

Табела: 1.Чешка 8, 2.Белорусија 8, 3.БиХ 8, 4.Финска 0

ГРУПА 6

Франција – Романија 34:25 (19:14)

Португалија – Литванија 28:28 (16:13)

Табела: 1.Франција 10, 2.Португалија 9, 3.Литванија 3, 4.Романија 2

ГРУПА 7

Унгарија – Италија 32:29 (16:14)

Русија – Словачка 30:20 (17:8)

Табела: 1.Унгарија 11, 2.Русија 9, 3.Италија 4, 4.Словачка 0

ГРУПА 8

Црна Гора – Украина 27:21 (15:7)

Данска – Фарски Острови 31:24 (17:13)

Табела: 1.Данска 10, 2.Црна Гора 7, 3.Украина 6, 3.Фарски Острови 1

Scroll to Top