Top Sport

Србинките испуштија победа против Холандија

На Светското првенство во ракомет за жени, во средата е комплетирано претпоследното коло во групите Ц и Д.

Србија одигра нерешено 27:27 Холандија, репрезентација која е актуелен светски и олимписки вицепрвак. Србинките беа поблиску до победата имаа 27:24 на пет минуит до крајот но Холандија успеа да спаси бод.

Блескаше голманката на Србија Чолиќ со 19 интевенции, а нападот го предводеше Дмитровиќ со девет тгола. Ракометарката на Вардар Андреа Лекиќ мечот го заврши со три гола.

Абнигх со седум и Брох со шест гола беа најефикасни во редовите на Холандија.

Група Ц:

Црна Гора-Тунис 29:23
Русија-Јапонија 29:28
Бразил-Данска 20:22

Табела: Русија 8, Данска 7, Црна Гора 4, Бразил 3, Јапонија 3, Тунис 0

Група Д:

Србија-Холандија 27:27
Камерун-Јужна Кореја 21:33
Германија-Кина 24:9

Табела: Германија 7, Србија 6, Ј.Кореја 6, Холандија 5, Камерун 0, Кина 0

Scroll to Top