Top Sport

Србинот Потиќ го засили Металург

Никола Потиќ е третото засилување за ракометниот клуб Металург. Потиќ игра на позицијата десен бек, со екипата од Автокоманда потпиша едно годишен договор.

Претходно договори со Металург потпишаа левиот бек Момир Рниќ и пикерот Бранко Канкараш.

Потиќ има 26 години кариерата ја започнал во 2009 година во Партизан, а играл и за Крка,
Хуанферс од Хихон, Пуенте Хенил, Кангас.

Во мај 2018 година, Потиќ потпишал тригодишен договор со ППД Загреб, но не одиграл ниту еден меч заигра за хрватскиот шампион поради што се преселил во втората Бундеслига, во Либек Швартау.

Раководството на Металург и во наредниот период ќе работи на засилувањето на тимот, со цел да се добие конкурентна екипа, која рамноправно со најдобрите ќе се бори во сите натпреварувања во кои ќе настапува.

Scroll to Top