Top Sport

Александер-Арнолд игра како Кафу

Гери Невил го споредил десниот бек на Ливерпул Трент Александер-Арнолд со легендарниот Бразилец Кафу.

Александер-Арнолд во кариерата има одиграно 125 натпревари за Ливерпул, во последните две сезони бележи по 12 асистенции што е рекорд за дефанзивец во Премиерлигата.

Гери Невил ги споредил бекот на Ливерпул и Арон Ван Бисака од Манчестер Јунајтед.

„Во овој момент Ван Бисак е подобар во дефанзивата. Но, кога Трент ќе тргне напред…Уште од Кафу не сум видел таков играч. Во овој момент Трент е подобар од ван Бисака. Мислам дека овие двајца ќе бидат важни играчи за своите тимови во наредните години“, рекол Невил.

Scroll to Top