Top Sport

Србите го имаат најдобриот ракометар во 2019, но тој не игра за репрезентацијата

Србинот Петар Ненадиќ (Веспрем) и Бразилката Едуарда Аморим (Ѓер) се прогласени за најдобри ракометари во 2019 година од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ) предизвикувајќи дискусија во Србија бидејќи воопшто не е дел од  репрезентацијата која игра на Европското првенство.

Ненадиќ се повлече од репрезентацијата по скандалот на претходното Европско првенство во 2018 година, кога имаше физички конфликт меѓу Драган Шкрбиќ и тогашниот селектор Јовица Цветковиќ, најавувајќи дека не знае дали е „на пауза или во пензија“.

Ненадиќ дојде во Веспрем од Фуксе Берлин, а претходно играше и за Висла, Барселона и Црвена везда. Србија загуби од Белорусија на почетокот на ЕП во група со Црна Гора и Хрватска. Минатата сезона со Веспрем стигна до финалето на Лигата на шампионите, каде што загубија од Вардар.

Scroll to Top