Top Sport

Србите останаа без уште еден голман за ЕП

Селекторот на ракометната репрезентација на Србија Ненад Перуничиќ се соочува со серизни проблеми пред почетокот на подготовките за Европското првенство. Двајца од четворицата повикани голмани поради повреди отпаднаа од спиското.

Откако ги дозна лошите вести дека првиот голман Дејан Милосављев го оперирал коленото и дека нема да може да настапи на ЕП, Перуничиќ се соочи со уште еден голем проблем.

Од списокот отпадна и Тодор Јандиќ. Голманот на Металопластика го повредил зглобот на десната нога поради што морал да мирува две до три недели. Тоа значи дека и тој нема да патува со Србија на континенталниот првенство.

Србија ЕП ќе го отвори против Белорусија во Грац. Во оваа група се уште и селекциите на Хрватска и Црна Гора.

Scroll to Top