Во најинтересниот денешен меч во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, Србија пропушти голема шанса да го совлада својот најголем ривал и голем фаворит, Хрватска одигрувајќи 25:25 во драматична завршница Белград.
Србија имаше +2 на 15 минути пред крајот и одлична шанса да дојде од +3, меѓутоа „каубоите“ се вратија и поведоа со 24:23. Вања Илиќ со два брзи гола направи пресврт за 25:24, но Домагој Дувњак успеа да израмни во следниот напад. Во финишот, Србите имаа и напад за победа, но Марсениќ не можеше да погоди од девет метри.
За Србија ова е втор освоен поен во квалификациите, по поразите од Швајцарија и ремито со Белгија. Хрватите имаат две победи и едно реми во три меча. Двете репрезентации се среќаваат повторно во недела (20.30 часот) во Задар.
Во дуел на две репрезентации кои се надеваат на пласман, Унгарија стигна до фантастична 25:19 победа на гости кај Русите во Астрахан, забележувајќи ја третата победа во исто толку мечеви. Унгарците одиграа одлично прво полувреме кое подоцна Русите не успеаја да го надополнат. Балог и Банхиди имаа по пет гола за Унгарците, додека за Русија најефикасен беше Тимур Дибиров со 5 гола. Шанса за реванш ќе имаат за три дена.
ЕП 2020, КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА 5
Финска – Босна и Херцеговина 26:30 (13:15)
Табела: 1.Чешка 4, 2.Белорусија 4, 3.БиХ 4, 4.Финска 0
ГРУПА 6
Романија – Литванија 28:23 (16:13)
Табела: 1.Франција 4, 2.Португалија 4, 3.Романија 2, 4.Литванија 0
ГРУПА 7
Русија – Унгарија 19:25 (10:15)
Табела: 1.Унгарија 6, 2.Русија 4, 3.Италија 2, 4.Словачка 0
ГРУПА 2
Србија – Хрватска 25:25 (13:13)
Табела: 1.Хрватска 5, 2.Швајцарија 4, 3.Србија 2, 4.Белгија 1