Србија остана на само теоретски шанси за пласман во втората рунда на СП во ракомет во Германија и Данска, откако загуби од Бразил со 22:24, нешто што посебно го налути српскиот селектор Ненад Перуничиќ, кој беше очигледно бесен на своите ракометари, споредувајќи ги со баби.
По ремито со Русија и поразот од Франција, се очекуваше Србија да победи против „селесао“, но Србите губеа во текот на целиот меч, а Перуничиќ на тајм-аутот на 15 минути пред крајот јасно им кажа што мисли на Миљан Пушица и Богдан Радивојевиќ.
„Затоа што немаш глава! Срам да вие, играте алиби-ракомет. Сите играте алиби-ракомет и давата топка на дете од 18 години. Па и мојата баба може да игра вака“, врескаше Перуничиќ.
По мечот, тој беше посмирен.
„Ракометарите го сфатија поразот од Франција претрагично, и не успеав да ги опоравам. Не размислуваат турнирски и не им ја исчистив главата“, изјави Перуничиќ.