Top Sport

Стоилов: Барса има мала предност, но Вардар никогаш не се предава

Клубот со најмногу трофеи во елитното европско натпреварување, Барселона, ќе биде полу-финалната пречка за ракометарите на Вардар на завршниот турнир во Келн. Шампионите на Македонија и Шпанија ќе го отворат завршниот турнир на 1 јуни, а по нив во второто полу-финале ќе играат Веспрем и Кјелце.

Барселона според сите прогнози е најсериозниот фаворит за освојување на титулата која последен пат ја освоиле во 2015 година, додека сите во Вардар и Македонија посакуваат да се повторни завршниот турнир во 2017 година.

И тогаш Барса беше фаворит и тогаш Вардар беше означен како аутсајдер, а на крајот со голот на Лука Циндриќ во последната секунда „црвено-црните“ ги победија Каталонците, подоцна по исто сценарио, но со голот на Иван Чупиќ, Вардар славеше и на ПСЖ и ја освои европската круна.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, смета дека секој тим што ќе допатува шанси има подеднакви шанси да ја освои титулата.

„Сите тимови имаат подеднакви шанси за победа. Ние сме Вардар и нема да се предадеме. Можеби мала предност има Барселона, беа први во нашата група. Тие не победија два пати, но Вардар никогаш не се предава. Така е биде и сега. Се игра еден натпревар, полу-финале е и се е можно“, изјави Стоилов.

Инаку, Барселона во А-групата во Лигата на шампионите, го победи Вардар 26.30 и 26:34.

Вардар против Барса во полу-финалето

Scroll to Top