Top Sport

Стоилов демонстративно заминал од изборот за „Спортист на годината“

Еден од најдобрите македонски ракометари, Стојанче Стоилов, демонстративно ја напуштил манифестацијата „Спортист на годината“, што се одржа во хотелот „Александар палас“ во Скопје. Организатор на оваа манифестација е Агенцијата за млади и спорт, а годинава лауреати беа Емил Павлов и Сара Ристовска.

Првите две награди во категориите за училишен и средношколски спорт заминале кај училишта од Чаир и од Тетово, а кога еден од добитниците на присутните им се обратил на албански јазик, Стоилов станал и демонстративно заминал од салата.

Инаку, синоќешната церемонија беше двојазична, поради што добитниците на наградите од Чаир и Тетово на присутните им се обратиле на албански јазик.

Наводно, Стоилов во „вибер-групата“ на репрезентативците, напишал дека се „чувствувал понижени и засрамено“.

Scroll to Top