Top Sport

Нани: Модриќ не требаше да биде ниту во Топ 3 за „Златната топка“

Лука Модриќ пред еден месец ја освои „Златната топка“ што секако е круна на неговата богата кариера. Пред и после изборот мислењата се поделени, има такви што сметаат дека Хрватот ја заслужил наградата, но не е мал бројот ниту на оние што сметаат дека Модриќ не требало да ја добие престижната награда.

„Модриќ не требаше да биде ниту во Топ 3 во изборот за Златната топка“, порачал, во разговоро за „Рекорд“, поранешниот португалски репрезентативец Нани.

„На својата позиција тој е меѓу најдобрите во светот, но факт е дека не може да ја освои Златната топка пред Роналдо, Меси, Нејмар и останатите“.

„Требаше Роналдо да ја освои Златната топка. Најдобрите играчи во светот ја прават разликата на теренот за своите клубови. Тоа го правеше Роналдо додека играше со Модриќ во Реал, а сега го прави тоа во Јувентус“, завршил Нани.

Scroll to Top