Македонскиот ракометен репрезентативец, кружниот напаѓач Стојанче Стоилов повторно се врати на тренинзите во Вардар 1961 откако паузираше поради позитивниот тест на Ковид 19. Капитенот на „црвено-црните“ за среќа без никакви симптоми го прележа коронавирусот и комплетно подготвен им се враќа на обврските во екипата.
Стоилов, кој ја пропушти завршницата во СЕХА лигата, сега му е на располагање на тренерот Стевче Алушевски пред првиот предизвик во новата сезона во Лигата на шампиони против Мешков во Брест, Белорусија.
Екипата на Вардар со нов сопственик и со големи промени во играчкиот кадар сезонава ќе атакува на пласман во нокаут фазата на елитното ракометно натпреварување.
Вардарци во вторник летаат за Белорусија каде ден подоцна е мечот против познатиот противник.