Столе Сотилов една деценија беше неизоставен дел од сите успеси на ракометната репрезентација на Македонија. Капитенот на Вардар 1961, во репрезентативна пензија замина пред шест месеци.
Стоилов ќе биде дел од хуманитарно-ракометниот спектакл на 3.јануари, тој ќе биде еден од ветераните кој ќе им се спротивстави на актуелниот состав на македонската репрезентација.
Најавувајќи го натпреварот на денешната прес конференција, Стоилов во шега изјави дека „се надева дека никој од ветераните нема да се повреди“.
За ветераните покрај Столе Стоилв и актуелниот селектор Кирил Лазаров ќе настапат браќата Мојсовски, Алушевски „Диви„ Ангелов, Ангеловски Бранко, Ѓоргоновски, Даскаловски, Ванчо Димовски, Јовиќ Александар, Кузмановски, Ацо Јоновски Ацо, Филип Лазаров, Макаловски, Велко Марковски, Филип Миркуловски, Митков Влатко, Недановски, Борко Ристовски, Митко Стоилов, Раде Стојановиќ, како и добро познатите селектори Илија Темелковски и Звонко Шундовски.