Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов на прашањето што се случи по фантастичниот пресврт за голема победа над деветкратниот европски шампион, Барселона, даде многу едноставен одговор.
„Карактер! Ова го кажувам цела година и години наназад – тимот има карактер и тоа е основа на сѐ што правиме тука. Цела година беше како лош филм, но сега ни треба уште една победа и да заврши сѐ како што треба. Сите имаме сили за уште еден натпревар и ќе дадеме сѐ од себе“, изјави Стоилов по натпреварот.
Видео: balkan-handball.com