Ракометната репрезентација на Хрватска, вечерва, ќе го одигра вториот меч од втората фаза на Сп во Египет. „Коцкестите“ за противник ја имаат Аргентина и со победа ќе обезбедат место во четврт-финалето.
Во првиот меч од втората фаза Хрватска убедливо и лесно го победи Бахреин, тие се големи фаворити и против Аргентина, но „РТЛ“ објави дека Лино Червар пред мечот со „гаучосите“ се соочува со непланирани проблеми.
Повеќе играчи на Хрватска имале стомачен вирус, а најсилни симптоми имае капитенот Домагој Дувњак и десниот бек Иван Мартиновиќ.
Мартиновиќ го пропуштил последниот тренинг, веднаш бил тестиран и на коронавирусот, а тестот бил негативен.
Хрватска и Аргентина својот меч ќе го започнат во 18 часот.