Искусниот ракометен голман Дан Бојтлер (42) е главна тема во шведската спортска јавност. Бојтлер добил 15 месечна суспензија бидејќи решил да се лекува со кокаин.
Бојтлер имал проблем да ја задржи концентрацијата кога работел навечер. Не можел да се носи најдобро со овој проблем, па решил сам да си „препише“ кокаинска терапија.
„Се обидев самиот да се лекувам. Не бев свесен за каков проблем се работи. Психологот ми објасни дека кај некои луѓе кои имаат АДХД постои хемиска реакција во мозокот каде запчаниците кај мислените патишта оддеднаш ќе кликнат. Имав проблем кога работев навечер, станував екстремно уморен, со напор разговарав со сопругата“, рекол Бојтлер.
„Кога ќе погледнам зад себе можам да ви кажам дека одев право кон пеколот. Да продолжев така да живеам убеден сум дека крајот ќе беше трагичен“.
Бојтлер сезонава требаше да брани за ГОГ, меѓутоа челниците на данскиот клуб веднаш го раскинале неговиот договор откако скандалот излезе на виделина.
Голманот кој оставил голема трага во Фленсбург и Хамбург нема намера да ја прекина кариерата. Највил дека ќе се врати на терените откако ќе му истече суспензијата.