Поранешниот ракометар на Вардар и актуелен македонски репрезентативец Филип Талески го одигра најдобриот меч за Бенфика сезонава.
Бенфика славеше со убедливи 35:19 против Виторија, а Талески беше одличен на теренот со седум голови од девет удари кон противничкиот гол.
Клубот од Лисабон досега има четири победи, едно реми и еден пораз во првенството на Португалија.
Талески со Бенфика во следното коло ќе игра против Порто на македонскиот голман Никола Митревски.