Top Sport

Талески од Рајн Некар во Балинген

Филип Талески има нов клуб. Македонскиот репрезентативец по две и пол години реши да замине од Рајн Некар Левен, но ќе остане во Бундес лигата откако ја прифатил понудата од Балинген.

Талески со екипата од Манхаjм освои по една титула во првенството и Купот на Германија, но не доби шанса да настапува во континуитет. Поради тоа тој со клубот спогодбено го раскинал договорот и веднаш ја прифатил понудата од Балинген.

„Се решив за нов предизвик и за Балинген затоа што тука гледам шанса да играм. Со нетрпение го чекам тој момент“, рекол левиот бек на новиот член на Бундес лигата.

Инаку, Талески за новиот клуб ќе дебитира в четврток против Магдебург чии член од оваа сезона е поранешниот соиграч на Талески од Металург, Филип Кузмановски.

Scroll to Top