Top Sport

Роналдо: Би можел да се пензионирам наредната година

Кристијано Роналдо во интервју за португалската телевизија „ТВИ“ проговорил за својата иднина. Роналдо, благодарение на одличната физичка подготвеност, повеќе од една деценија игра во врвна форма.

За „ТВИ“ тој рекол дека би можел да ја заврши кариерата наредната година, но и дека може да игра уште најмалку шест сезони.

„Би можел да ја завршам кариерата наредната година, но можам да играм и на 40 или 41 година. Не знам, секогаш велам дека треба да се ужива во секој момент“, рекол 34 напаѓач и дополнил.

„Сегашноста е одлична и уживам во неа. Мислам дека ниту еден играч нема повеќе рекорди од мене, моето име веќе е во фудбалската историја“.

Кристијано Роналдо лани од Реал се пресели во Јувентус, неговиот договор со „старата дама“ истекува во 2022 година.

Scroll to Top