Top Sport

Талески: Сега ние ја имаме улогата на лидери во националниот тим

Ракометната репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир и ги почна подготовките за настап на Светското првенство. Филип Талески ќе го игра четвртиот мундијал во дресот на Македонија и сега ја прифаќа улогата на лидер, заедно со Филип Кузмановски и со Дејан Манасков.

„Сега има голема промена на генерациите, повозрасните ракометари ни пренесоа големо искуство, сега ние треба да ја прифатиме улогата и да бидеме лидери. Кузмановски и Митревски моментно ни недосасуваат, но секако дека ќе го искористиме секој ден за што подобро да се подготвиме“, изјави Филип Талески.

Вардарци оваа сезона имаат хендикеп поради суспензијата на Вардар од европските купови, но Талески најавува дека брзо ќе се вклопат во очекуваниот ритам пред СП.

Scroll to Top