Top Sport

Тепачка, четири црвени и сини картони на ракометното дерби (Видео)

Ракометарите на Охрид и Пелистер, синоќа, во салата „Билјанини извори“ го одиграа дерби натпреварот во рамките на 9.коло во Супер лигата.

По голема борба, победата им припадна на охридските ракометари 25:22. Дамка на одличниот меч фрли инцидентот што се случи по завршувањето на првото полувреме.

Судиите откако се смири ситуацијата делеа црвени и сини картони. Исклучени беа Дарко Георгиевски и Славиша Димитријески од Охрид, додека кај Пелистер пред време натпреварот го завршија голманот Милош Рајичиќ и Иван Димитриовски. Четирите играчи покрај црвени, добија и сини картони, поради што се соочуваат со суспензии на повеќе од еден натпревар.

Фото и видео: Ohridnews.com

Scroll to Top