Top Sport

Тежок противник за ракометарите во баражот за СП

Foto/ macedoniahandball.com.mk

Ракометната репрезентација на Македонија ќе има тешка задача во баражот за пласман на Светското првенство во 2025 година. Противник на Македонија ќе биде селекцијата на Фарските острови.

Македонија, ЕП го заврши на третото место во групата со два порази од Франција и Германија и триумф над Швајцарија.

Фарските острови, кои дбитираа на големите натпреварувања, ги собраа симпатиите на ракометниот свет. Во групата тесно загубија од Словенија и Полска, а одиграа нерешено со Норвешка.

Бараж натпреварите ќе се одиграат во мај.

Бараж двојки за пласман на СП:

Финска/Литванија – Унгарија
Белорусија/Италија – Црна Гора
Грција – Холандија
Фарски острови – Македонија
Романија – Чешка Шпанија – Србија
Словенија – Швајцарија
Португалија – Босна и Херцеговина
Исланд – Естонија/Украина
Полска – Словачка/Израел
Грузија – Австрија

Scroll to Top