Ракометарките на Данска ја забележаа првата победа во втората фаза на Светското првенство во Јапонија. Во Кумамото Данска ја победи Холандија со 27:24 (14:9).
Данските ракометарки релативно лесно излегоа на крај со фаворизираните Холанѓанки, кои по овој пораз имаат минимални шанси да се пласираат во полу-финалето.
Данките доминираа во првото полувреме кое го добија со разлика од пет гола, а во второто го задржаа фикусот и не им дозволија на Холанѓанките во ниту еден момент да се доближат на разлика поголема од два гола.
Данска победи благодарение на Сандра Тофт. Голманката на Данска блескаше со 20 одбрани. Најефикасна кај Данска беше Ане-Мете Хансен со пет гола. Ист број на голови за Холандија постигнаа Еставана Полтман и Даник Снедлер.
Во последното коло во И-групата, во среда, Данска ќе игра против Србија, а Холандија пртив Јужна Кореја.