Top Sport

Русија исфрлена од Олимписките игри и светското фудбалско првенство

Извршниот одбор на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) го прифатил предлогот на независниот комитет на Агенцијата, руските спортисти поради кршење на анти-допинг правилата да бидат отстранети од сите натпреварувања во наредните четири години. Оваа информација за „РИА Новости“ ја потврдил шефот на руската анти-допинг агенција, Јуриј Ганус.

Руската анти-допинг агенција е обвинета дека не работи според правилата на ВАДА и дека манипулирала со лабораториските податоци кои биле доставени до ВАДА во јануари оваа година.

Суспензијата значи дека руските спортисти нема да можат да се натпреваруваат на Летните олимписки игри во Токио во 2020 и Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година.

Исто така русите ги шокира и информацијата дека забраната се однесува и за фудбалската репрезентација доколку таа избори пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Фудбалерите ќе можат да учествуваа на Европското првенство наредното лето бидејќи УЕФА, како континентална организација не била дефинирана како главна организација која организира спортски натпревари.

Спортистите од Русија кои ќе докажат дека немаат врска со допинг-скандалот во Русија ќе можат да се натпреваруваат, но не под знамето на својата држава.

Руските клубови ќе можат да се натпреваруваат на континенталните натпреварувања бидеќи забраната не важи за тие натпреварувања.

Scroll to Top