Фото/ facebook.com/rfmofficial
Македонија ремизираше со Австрија 29:29 (13:14), во првиот меч од новоформираната Група 2 на 29. Светско првенство во ракомет. Македонија од пораз ја спаси Кузмановски со гол во последната секунда.
Слично како и во првиот меч што го одигра на турнирот, против Унгарија, Македонија пропушти шанса да победи, но за разлика од дуелот со Унгарија сега избраниците на Кирил Лазаров го освоија „послаткиот“ бод.
Македонија делуваше тактички изворедн во двата правци во првиот дел. рано стекна предност од два гола, потоа во 16.минута дојде до 7:4, но таа предност Австријците ја истопија за помалку од две минути.
Во следните два напади Македонија ја врати предноста од два гола, ја држуваше до последните пет минути од полувремето, кога повторно дозволи серија на противникот, кој дури и замина на одмор со гол предност.
Вториот дел беше целосно израмнет, буквално се играше гол за гол, а Македонија немаше одговор за играта „седум на шест“.
Драмата во Вараждин кулминираше во последните две минути. Кузмановски не реализираше пенал при резултат 27:27, Австрија узедначи, а потоа на четири секунди до крајот го презеде водството. По тај-аутот на Лазаров, нападот на Македонија тргна од центарот, едно додавање за Кузмановски и негов скок шут од 13 метри со кои ги постави конечните 29:29.
Пешевски и Митев по шест, односно Кузмановски со четири ја предводеа Македонија.
Следен противник на Македонија, в четврток ќе и биде Катар.
Kuzmanovski with a last gasp equaliser!!
North Macedonia snatch a draw against Austria 29-29 pic.twitter.com/0s3PIjwXFn
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 21, 2025