Ракометниот првак Вардар 1961 доби суспензија од ЕХФ за настап во Лигата на шампионите следната сезона, поради неподмирени стари долгови кон играчи и поранешни членови на клубот. Оваа одлука секако ќе предизвика многу бура во клубот и поголем дел од ракометарите размислуваат за заминување.
Се чини дека прв ќе замине тренерот Давид Дејвис, кој не би имал предизвик да остане и да се натпреварува со тимот само во домашното првенство и во Купот.
Дејвис подолг период водеше и преговори за нова соработка, но не успеа да се договори поради несогласувања во однос на платата што треба да ја заработува. Новата ситуација сигурно ќе влијае негативно и можно е тој прв да повлече нога од „Јане Сандански“.
Вардар договори и три нови засилувања за новата сезона, Дуарте, Цехте и Андреев, но прашање е дали и тие ќе се согласат да дојдат со оглед дека клубот нема да се натпреварува во Лигата на шампионите.
Фото: RK Vardar 1961