Top Sport

Стојановски: Посакувам многу трофеи со Шкендија

Македонскиот прволигаш Шкендија го претстави третото летно засилување, напаѓачот Влатко Стојановски. Поранешниот репрезентативец по три сезони повторно ќе игра во македонското првенство, а доаѓа од хрватскиот клуб Горица.

„Мислам дека ова е вистински момент во мојата кариера, да дојдам во клуб како Шкендија кој секогаш се натпреварува за трофеи и има одлично искуство и во европските натпреварувања. Во Шкендија ќе имам неколку соиграчи кои ги познавам од порано, верувам дека се создава одличен тим кој ќе освојува трофеи“, изјави Влатко Стојановски по потпишувањето на договорот.

Претходно Шкендија ги ангажираше и голманот Давор Талески и десниот бек Башким Велија.

Scroll to Top