Top Sport

Третото место како утеха за Раул и ПСЖ

Најбогатиот ракометен клуб на светот, Пари Сен-Жермен, го освои третото место на Фајнал фор турнирот во Келн, откако во борбата за третото место со 31:26 (14:11) го победија Веспрем по разоачрувачкиот пораз од Барселона во полуфиналето на турнирот.

Ова секако, нема да ги задоволи желбите на тимот составен од поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, кој уште ја чека својата прва европска титула и покрај огромните вложувања од катарските газди. Вечерва во 20.30 во големото финале во „Ланксес“ арената играат Барселона и Кил за европскиот трон, на кој уште формално е РК Вардар.

Елохим Пранди и Недим Рамили имааа по шест гола за ПСЖ, Микел Хансел додаде пет, додека кај Веспрем убедливо најдобар беше Мате Лекаи со осум гола.

Scroll to Top