Три ракометни екипи на Металург се во карантин поради коронавирусот. Во изолација се машките клубови Металург и Металург 2 и женската екипа на клубот од Автокоманда.
Еден ракометар на на Металург, по враќањето од Тулуз имал позитивен тест, бидејќи тој бил во контакт со целата екипа за време на гостувањето во Тулуз, целиот тим ќе биде 14 дена во изолација. Поради ова ЕХФ го одложи натпреварот на Металург и Висла во Лига Европа.
Во изолација од вчера е и женскиот тим, откако на последните тестирања, позитивни на вирусот Ковид-19 биле две ракометарки и двајца членови на стручниот штаб. Ракометарките и стручниот штаб ќе бидат во 14-дневен карантин.
Во изолација од денес е и Металург 2. Еден член бил позитивен на коронавирусот.