Top Sport

Тројца ќе го пропуштат турнирот во Пореч

Ракометната репрезентација на Македонија во некомплетен состав ќе настапи на турнирот во Пореч. Во Пореч, противници на Македонија ќе и бидат Хрватска и Израел.

Турнрот во Пореч ќе го пропуштат голманот Никола Митревски, левиот бек Филип Талески и левото крило Цветан Кузмановски.

Митревски доби дополнително време за одмор од селекторот Лазаров. Голамнот на Порто, поради обврските кон клубот последен се приклучи на подготовките.

Талески има мала повреда и со него стручниот штаб не сака ништо да ризикува, додека на позицијата на Кузмановски, во Пореч ќе играат Дејан Манасков и Петар Атанасијевиќ.

Македонија утре ќе игра против Хрватска, а два дена подоцна и против Израел.

Првиот натпревар на СП, ракометарите ќе го одиграат на 13.јануари против Норвешка.

Фото/ facebook.com/rfmofficial

Scroll to Top