Вардар, викендов победи на гостувањето во Шведска кај Кристијанштад, 32-30 во 13. коло, во А-групата во Лигата на шампионите. По завршувањето на колото тројца ракометари на Вардар се најдоа во изборот што го прави ЕХФ.
Даинис Криштопанс е избран во идеалниот тим на колото, а Тимур Дибиров и Калифа Гебдане се во изборот на Топ 5 гола и Топ 5 одбрани на колото.
Најдобриот десен бек во ова коло, Криштопанс дуелот во Малме го заврши со осум постигнати гола.
Тимот на колото:
голман – Рикард Капелин (Кристијанштад)
лево крило – Иван Никчевиќ (Спортинг Лисабон)
лев бек – Борис Пуховски (Мотор Запороѓје.)
среден бек – Себастијан Скубе (Силкеборг)
десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)
десно крило – Лук Абало (ПСЖ)
пивот – Хулен Агинагалде (Кјелце)