Кошаркарот од Ангола, Бруно Фернандо кариерата ќе ја продолжи во Партизан, тврди „Спорт клуб“.
Партизан од крајот на минатата сезона бара засулување на позицијата пет, како бек-ап за Тајрик Џонс. Бруно Фернандо, сезоната ја започна во Реал Мадрид, но не успеа да се снајде во системот на Серџо Скариоло поради што клубот реши да се раздели со кошаркарот.
„Фернандо пристигна во јануари оваа година како замена за Валтер Таварес. Иако му требаше само време да се адаптира, на крајот ги исполни очекувањата на таа улога, иако покажа слабости во одбраната. Се очекуваше дека ќе направи пробив во втората сезона, но се случи спротивното. Неговите грешки во одбраната го чинеа минути, игра под тензија, Скариоло го корегира по секоја промена, а играчот изгледа фрустриран“, шишува новинарот на „Марка“, Начо Дуке.
Се шпекулираше дека, покрај Партизан, за неговиот ангажман биле заинтересирани Дубаи, Басконија и Ефес, тимови кои имаат проблеми поради повреди.
