Женската репрезентација на Македонија, ракометарки до 19 години, со победа го завршија настапот на Европското првенство во Романија.
Со првиот триумф на шампионатот избраничките на Јулијана Дамчевска го освоија претпоследното, 15. место. Македонија славеше во дуелот со Хрватска 31:26.
Одличната игра во првото полувреме, кое Македонија го доби со 18:8 беше клуч за конечниот триумф.
Ризоска со девет погодоци беше најефикасна ракометарка, Дукоска пак имаше пет реализации од десет обиди.
Младите македонски ракометарки учеството на ЕП го завршија со една победа и шест порази.
Фото/ macedoniahandball.com.mk