Top Sport

Жервињо и Парма ја шокираа „старата дама“ (Видео)

Фудбалерите на Јувентус не успеаја да ја совладаат Парма во 22 коло. Играчите на Јувентус останаа без планираните три бода иако водеа со 2:0 и 3:1. „Старата дама“ ја шокираше Жервињо со два гола, вториот го постигна во 93.минута.

Натпреварот во Торино мина во знакот на Кристијано Роналдо на едната и Жервињо на другата страна.

Португалецот постигна два гола и асистираше за третиот гол на Јувентус кој го постигна Ругани.

Два гола за Парма постигна и поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска, Жервињо, а мрежата на Перин ја погоди и Бариља.

Иако освоија само бод играчите на Јувентус имаат комотна предност на врвот. Јувентус е лидер со 60 бода, девет повеќе од Наполи.

Scroll to Top