Top Sport

Убедлив триумф над Алжир за поправање на впечатокот

Македонската ракометна репрезентација немаше достоен противник во репрезентацијата на Алжир, победувајќи ги со високи 40:25 (19:11) на стартот на утешното натпреварување, Президент купот на СП во Полска и Шведска.

Победата, која во ниту еден момент не беше неизвесна, доаѓа откако селекцијата на Кирил Лазаров разочара во трите убедливи порази од Норвешка, Холандија и ја поставува Македонија како фаворит во групата 2 во која се уште две африкански репрезентации, Мароко и Тунис.

Македонија имаше убедлив старт, не губејќи ја предноста во ниту еден момент, постигнувајќи голови без проблем за водство од осум гола на полувреме, која се зголемуваше и во второто полувреме за целосно еднострана победа.

Дејан Манасков и Жарко Пешевски завршија со 7 постигнати голови, а Савревски, Костески и Ѓорѓиев завршија со 4 гола.

СП РАКОМЕТ 2023
ГРУПА 3
Катар – Холандија 30:32 (19:15)
Германија – Аргентина 18.00 ч.
Норвешка – Србија 20.30 ч.
ГРУПА 4
САД – Бахреин 27:32 (13:17)
Египет – Белгија 18.00 ч.
Данска – Хрватска 20.30 ч.

ПРЕЗИДЕНТС КУП, ГРУПА 2
Алжир – Македонија 25:40 (11:19)
Мароко – Тунис 18.00 ч.

Фото: РФМ

Scroll to Top