Top Sport

Украинска стапица! Чупиќ утна пенал, Вардар првпат поразен оваа сезона (видео)

Актуелниот европски шампион и шампион од СЕХА лигата, Вардар го доживеа првиот пораз во новата ракометна сезона, откако на тешкото гостување кај Мотор Запорожје во Украина, пропушти неколку клучни шанси во финишот на мечот при 32:31 (13:12) победа.

Откако „црвено-црните“ губеа во поголемиот дел на мечот, во драматична завршница имаа шанса да извлечат реми, а дури и да одат на победа, но тие беа пропуштени за пораз од силниот украински тим.

Вардар успеа да израмни на 30:30 на две минути пред крајот, но прво Горбок не беше прецизен, за во финишот на мечот, Барис Пухоски да постигне гол за 32:31 водство. Иван Чупиќ имаше шанса да израмни со обид од пенал, но не беше прецизен.

Пухоски заврши со шест гола за Мотор, пет постигна Вујовиќ а четири Јанима, додека за Вардар, Тимур Дибиров постигна шест гола, а по пет уфрлија Атман и Криштопанс.

Фото: СЕХА

Scroll to Top