Top Sport

Мекманаман: На Реал му треба играч како Мбапе, не Кејн

Шпекулациите дека Реал Мадрид повторно ќе купи играч од Тотенхем, и ќе плати 200 милиони евра за Хери Кејн не престануваат и еден нивни поранешен англиски играч, Стивен Мекманаман вели дека тоа би бил погрешен потег.

Наместо да дадат толку пари за фантастичниот 24-годишен напаѓач на „Спарс“, „Лос бланкос“ треба да бараат играч како Килијан Мбапе, со голем потенцијал кој ќе се развива во Мадрид.

„Би сакал да потпишат со некое младо момче како Килијан Мбапе. Тешко е да се добие потписот на Кејн, бидејќи цените во фудбалот денеска се луди. Подобро е да го промовираш преку својот тим. Мораш да платиш 200 милиони евра за Кејн и навистина не ги сфаќам тие цифри“, вели Мекманаман.

Малку играчи од Англија се „пробиле“ во европските лиги, а 45-годишниот Мекманаман најдобро го знае тоа. По девет сезони со Ливерпул, во 1999 година, Мекманаман потпиша со Реал Мадрид и имаше над 150 настапи за „кралскиот тим“, освојувајќи две титули од Ла лига и две титули во Лигата на шампионите. Тој во 2003 се врати во Англија со Манчестер сити, пред да се пензионира во 2005 година.

„Во Англија клубовите се многу професионални и тоа е одлично место за секого. Кејн може да остане во Лондон бидејќи тука му е семејството. Но, ако замине за Мадрид, нем да има проблеми со адаптацијата. Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и уште неколку играчи зборуваат добро англиски. Исто така, Мадрид е прекрасен град за живеење“, додава Англичанецот.

Scroll to Top