Top Sport

Уште еден Данец го засили Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер продолжува да го засилува тимот во пресрет на новата сезона. Нов играч на актуелниот македонски шампион е Данецот Андреас Јохан Нилсен.

Нилсен со Еурофарм Пелистер потпиша едно годишен договор со опција тој да биде продолжен за уште една ако двете страни дадат согласност.

25. годишниот дански кружен напаѓач доаѓа во Македонија од данскиот прволигаш Морс.

Пред Морс, Нилсен го носеше дресот на Нордсјеланд, а има свои настапи и во младинските категории на данскиот национален тим.

„Особено задоволство ни е што покрај Кисум, нашиот дрес ќе го носи уште еден дански ракометар во сезоната 2023/24, незаборавајќи ги убавите денови кои во нашата земја ги минаа Себастијан Хенеберг и Ларс Валтер“, соопшти клубот

Официјалното претставување на Нилсен е предвидено по почетокот на подготовките во Битола.

Минатата недела Пелистер потпиша договор со Каспер Кисум.

Scroll to Top