Македонската женска ракометна репрезентација до 19 години забележа нов на Европскиот шампионат во Романија. Во разигрувањето за пласман, Србија ја победи Македонија со 30:19.
Од самиот почеток младите Србинки го наметнаа својот ритам, на полувреме Македонија губеше 8:14, а речиси со иста разлика Србија го доби и вториот дел.
Нестороска со пет и Ризоска со четири голови беа најефикасни во македонскиот состав, додека кај Србија осум голови постигна Тодоровска.
Поради овој пораз, во понатамошниот тек од Европското првенство, У19 селекција на Македонија ќе разигрува за пласман од 13 до 16. место.
Фото/ macedoniahandball.com.mk