Еурофарм Пелистер го забележа својот втор пораз во групната фаза од Европската лига. Вечерва во Германија, Гумерсбах го порази Пелистер со 38-28 (20-15).
Пелистер постигна два гола на почетокот, потоа Губерсбах одговри со серија 5:1, го презеде водството и до крајот само ја зголемуваше предноста.
Тренерот на Пелистер Лино Червар, слично како и против Ла Риоха го плати цехот со определбата во нападот да игра „седум на шест“.
Гумерсбах на полувреме водеше со 20:15, а практично сите дилеми околу победникот беа решени во 38-та минута кога Гумерсбах поведе со 26:18.
Кузмановски беше најефикасен кај Пелистер со седум гола, а спортивната страна Алекс Душебаев постигна девет гола.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
