Ракометната репрезентација на Словенија ја победи Србија во Велење 33:25 (14:15) во последната проверка пред почетокот на Европското првенство во Хрватска.
Словенија имаше успешна генерална проба пред настапот на европскиот шампионат, иако Србија која настапи со комбиниран состав без шестмина од почетната постава. Србите добро се држеа во првиот дел имаа минимална предност.
Словенците во вториот дел заиграа поангажирано, а во овој дел од натпреварот блескаше голманот Кастелиќ.
Маргуќ со четири гола беше најефикасен, а Цингесар, Хингеман и Медвед постигнаа по три гола. Голманот Кастелиќ имаше девет интервенции.
Репрезентацијата на Словенија ќе и биде првиот противник на Македонија на ЕП. Натпреварот во рамките на Ц-групата се игра в сабота од 19:30 часот во Загреб.
фото/siol.net