Македонскиот ракометен репрезентативец Костадин Петров, кој е член на Алкалоид, имаше успешна операција. Тој се поведи на натпреварот против Охрид, а деталните медицински прегледи покажаа дека хируршки зафат е неопходен.
На Петров со операција му е саниран пателарниот лигамент на коленото.
Пивотменот ќе мора да паузира од четири до шест месеци, колку што трае рехабилитацискиот процес.