Ракометарите на Вардар 1961 го оставија Еурофарм Пелистер без двојната круна. Во финалето на Купот, во салата „Билјанини извори“ во Охрид, со победата 26:25 (16:12) над Еурофарм Пелистер, Вардар 1961 го свои 16. трофеј во Купот на Македонија.
Вардар 1961 им се реваншираше на ривалите од Битола за неодаменшниот пораз во првенството, со кој практично им ја предадоа шампионската титула.
Црвено-црните, заслужено го освоија Купот, бидејќи од првата до последната минута имаа целосна контрола врз она што се случуваше на теренот.
Блескаше бековската тројка Талески-Моралес-Дутра во нападот и одбраната која лесно се справуваше со лошиот напад на Еурофарм Пелистер. Споменатите тројца постигнаа 90 отсто од головите на својот тим. Моралес блескаше во првиот дел во кој постигна шест гола.
Она што е е интересно голманите некаков фактор во финалето. Бороко Ристовски собра седум одбрани, од кои последната против Ојлески во 55.минута беше клучна.
Вардар највисоката предноста ја стекна во 13.минута (8:3) и до крајот не му дозволи на противникот да го стигне. На полувреме црвено-црните имаа предност 16:12.
Пелистер со добра серија во 41.минута се доближи на гол негатива (19:18), меѓутоа Вардар одговори со три гола и се врати во конфорна зона.
Последен обид да се врати во мечот Пелистер имаше во 52.минута (24:23), но тогаш Талески постигна гол од тешка позиција, а Ритовски му одбрани на Ојлески.
Вардар 1961 до победата го предводеа Моралес, Талески и Дутра со по седум гола.
На крајот за МВП на завршниот турнир е прогласен средниот бек на Вардар 1961, Дутра. Неговите соиграчи Манасков и Ристовски ги добија наградите за најдобар стрелец и голман.