Top Sport

Вардар 1961 доби место во Лигата на шампионите

Ракометниот клуб Вардар 1961 ќе биде единствениот македонски претставник во Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација (ЕХФ), потврди дека Вардар 1961 е еден од десетте тимови кои наредната сезона ќе играат во елитното натпреварување.

Покрај Вардар 1961, сигурно место во елитата имаат Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Кјелце, Порто, Пик Сегед, Кил и Фленсбург.

Шест клуба ќе ја комплетираат листата на учесници во Лигата на шампионите. За шестте места пријави поднеле 12 клубови: Веспрем, Монпелје, Мешков Брест, Елверум, Висла, Спортинг Лисабон, Горење Велење, Савехоф, Мото Запорожје, Кадетен Шафхаузен и Динамо Букурешт.

Конечната одлука ќе биде донесена на 28 јуни, а жрепката за новата сезона е закажана за 2 јули.
Фото/rkvardar.mk
Scroll to Top