РК Вардар 1961, договори две засилувања за наредната сезона. Планот на црвено-црните е да состават тим од македонски репрезентативци и неколку квалитетни странци за да можат да бидат конкурентни на меѓународната сцена.
Од наредната сезона дресот на Вардар 1961 ќе го носат Томислав Јагуриновски, и Михаил Аларов. Двајцата потпишаа двегодишни договори. Јагуриновски по две сезони се враќа во Варадар 1961, додека Алараво прв пат ќе го облече дресот на поранешниот европски првак.