Вардар 1961 блесна во Германија, го декласира Мелсунген со 34:25 и директно се пласира во четвртифналето, во Лига Европа.
Вардар 1961, против бундес лигашот одигра брилијантен натпревар, исклучок е периодот во средишницата на првиот дел, кога Мелсунген со серија 5:1, изедначи на 7:7.
Од тој момент за се на теренот се прашуваа црвено-црните. Ја вратија предноста со серија 5:1, а на полувреме имаа предност од пет гола (17:12).
Црвено-црните во 33-та минута водеа со 20:12, Мелсунген ја преполови разликата, но без идеја и сила за некаков пресврт.
Вардар 29161 до победата го предводеа Да Силва и Воркапиќ со по шест гола.
Во четвртфиналето, црвено-црните за прптивник ќе го имаат победникот од пресметката меѓу Монпелје и Елверум.
Foto/ rkvardar.com.mk
