Арпад Штербик нема да биде во составот на Вардар на натпреварот против ПСЖ. Црвено-црните, попладнево, против најбогатиот светски клуб ќе се борат за третото место на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Вардар, денес ќе ја предаде европската титула, откако вчера не успеа да го победи Монпелје во полу-финалето на завршниот турнир.
Лошиот ден на голманите е една од причините што Вардар беше поразен во полу-финлето. Од Келн, пристигна информацијата дека Штербик нема да биде во составот за натпреварот со ПСЖ.
Најдобриот голман во Лигата на шампионите, вчера имаше само една одбрана во првото полувреме, застана на голот и во втрориот дел, меѓутоа беше заменет по само неколку минути и повеќе не се врати на теренот.
Нема информации дали станува збор за некаква повреда или тренерот Раул Гонзалес од тактички причини изврши промена на голманската позиција.
Покрај Милиќ на голманската позиција ќе биде и младиот Ѓорѓески. Вардаровиот тренер направи уште една промена за дуелот со ПСЖ, местото на Војводиќ ќе го пополни Поповски.
Дуелот за третото место на завршниот турнир во Келн ќе започне во 15:15 часот.