Top Sport

Вардар е на една победа до пехарот, славеше над Бутел

Актуелниот ракометен првак на Македонија, Вардар, е на една победа до одбрана на титулата по денешниот триумф над Бутел од 23:33 во претпоследното коло од Суперлигата. Во последната рунда и Вардар и Еурофарм Пелистер влегуваат со идентични 28 бода, но скопскиот состав е подобар во меѓусебните дуели. Во завршното коло Вардар игра против Тиквеш, а Пелистер ќе се соочи со Бутел.

Вардар имаше контрола над резултатот во текот на целиот натпревар, рано се одлепи на три гола предност, на полувремето имаше четири гола позитива (12:16).

Во најголемиот дел од второто полувреме „црвено-црните“ одржуваа пет гола позитива, а потоа Бутел целосно потклекна и Вардар дојде до убедливиот триумф од 33:23.

Тимур Дибиров беше прв стрелец кај Вардар со седум погодоци, Филип Талески постигна пет. Кај Бутел најдобар стрелец беше Мирко Мајиќ со шест голови.

Scroll to Top