Top Sport

Вардар ја прекина лошата низа – во Скопје „настрада“ Мотор

Вардар стави крај на низата порази во европските натпреварувања, одмаздувајќи му се на Мотор Запорожје за високиот пораз на гости со 32:27 триумф во СЕХА-лигата.

За разлика од првиот меч во Украина, кога Вардар загуби со 30:23, „црвено-црните“ почнаа силно и имаа предност од пет гола на полувреме (18:13), не дозволувајќи изненадување од незгодниот тим. Ова е трета победа во пет кола во групата Б во регионалното натпреварување, и доаѓа откако пред два дена Вардар загуби кај Нексе (36:32).

Анте Гаџа беше најрасположен со осум голови, а по шест додадоа Гоце Георгиевски и Тимур Дибиров, додека кај гостите, Вјачеслав Бохан имаше шест гола.

Следен настап за Вардар во СЕХА лигата е гостувањето кај Војводина на 4 април, но прво доаѓа вистинскиот тест, дуелот со унгарскиот гигант Веспрем на 1 април во Скопје.

СЕХА ЛИГА, ГРУПА Б

Вардар – Мотор Запорожје 32:27 (18:13)

Табела: 1.Мотор 9, 2.Нексе 9, 3.Вардар 8, 4.Војводина 0.

Фото: СЕХА лига

 

Scroll to Top